ФИА забрани бавно возење по Џеда

Директорот за трка од ФИА, Мајкл Маси, забрани возење бавно за време на тренинг сесиите и квалификациите на Џеда Корниш, со цел да се направи простор со возачот од напред во пресрет на летечки круг.

Ваквиот потег на Маси следува по неколку многу блиски возење од страна на возачите на петочните тренинг сесии и дискусијата помеѓу возчите на вечерниот брифинг. Така, забраната за бавн возење се однесува на кус дел на крајот од кругот по 22та кривина, онаму каде Шарл Леклер се заби во ограда на Т2.

Маси претходно ги опомена возачите да не возам бавно сезонава на патеки како Сочи и Баку, нагласувајќи дека мора да азбрзаат низ брзиот последен сектор пред почетокот на кругот и опоменувајќи да не се прави разлика во последниот сегмент од кругот.

секој возач кој ќе сака да направи простор зад возачот пред себе со цел да има чист почеток на круг, не смее да го направи тоа околу кривината број 23 и кривината број 25. секој кој ќе се обиде да направи такво нешто ќе биде шријавен кај стјуардите дека го прекршува член 27.4 од спортскиот правилник – гласи сопштението од директорот на трка.

Членот 27.4 од Спортскиот правилник гласи:

во ниту едно време болид не смее да вози непотребно бавно на начин на кој ќе биде потенцијална опасност за други возачи.

Екипите очекуваат проблемите со гужвите поради забавување да бидат нагласени за време на квалификациите поради тоа што се очекува да бидат потребни неколку кругови загревање на гумите пред да бидат оптимално подготвени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ