ФИА им ги објасниле правилата против копирањето на Рено

Откако Рено испрати писмен допис до ФИА барајќи појаснување на регулативата со која Федерацијата планира да го ограничи копирањето помеѓу тимовите, Сирил Абитебул, шефот на тимот, откри дека французите добиле одговор.

Рејсинг Поинт беше центар на контроверзии оваа сезона откако нивниот овогодишен РП20 пакет беше речиси идентичен со ланскиот шампионски В10 модел на Мерцедес, по што Рено решија да протестираат на Штаерското Гранд При.

По повод жалбата, стјуардите решија дека спорните делови се интелектуална сопственост на Мерцедес, Рејсинг Поинт беа казнети со поени и пари, но добија дозвола да ја довршат сезоната со спорните делови. На одлуката се пожалија и Ферари, Мекалрен и Вилијамс по што целата работа се закануваше дека е отиде на суд.

Но, следуваше пресвртница во која екипите една по една се откажуваа од правото да се појават на суд, а последни се откажаа Ферари и Рено, оние кои ја почнаа целата работа.

Во својот допис до Николас Томбазис, одговорниот за отворени едноседи во ФИА, Абитебул побарал појаснување како ќе се реши целата работа околу копирањето, а најави и дека одговорот јавно ќе биде објавен.

до одредено ниво, овие комуникации и контакти со фиа се доверливи, но очекуваме истата во одреден момент да можеме и јавно да ја објавиме. веруваме дека за сите екипи е важно да се осигураме дека работиме согласно одлуките и стандардите на фиа за да не ни се случуваат преседатн и контроверзии како оваа година. 

добивме одговор од николас и тој е во процедура на официјализирање на целата работа по што ќе можеме јавно да излеземе со детали – откри сирил.

Според RaceFans, најголем дел од прашањата на французите биле во однос на таканаречените делови од дозволената листа кои може да се превземаат помеѓу екипите. Спорните делови за ладење на сопирачки, лани беа дел од таа листа, но не и годинава. Дополнително, тие се интересирале и зошто Мерцедес не е казнет на никој начин и покрај тоа што давал информации и делови, кои патем не смеел да ги дава, на Рејсинг Поинт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ