ФИА одобри три ДРС зони во Џеда

ФИА официјално потврди дека претсојното Саудиско Гранд При ќе иа три ДРС зони кои возачите ќе може да ги користат.

Спортот викендов е на гости на Џеда Корниш, целосно нова патека во Саудиска Арабија на брегот на Црвеното Море. Градската патека обиколена со ѕидови е долга 6,1 километри, има дури 27 кривини и се очекува 80% од истата да се вози под полна гас.

Првата ДРС зона е лоцирана помеѓу 19та и 22та кривина, втората е во пресрет на 25та кривина и трае дури до долгата кривина број 27. Последната ќе биде на главниот правец, а активацијата ќе биде 170 метри по излезот од 27от свиок.

Секоја ДРС зона има сопствена точка на детекција, првата е на излезот од 17та кривина, втората на влезот од 2от свиок, а 3та на излезот од последниот.

Трката ќе биде ноќна и ќе се вози во 20:30 часот по локално време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ