ФИА очекува нови жалби од Рено

ФИА очекува фабричкиот тим на Рено да поднесе нови жалби и протести во врска со легалноста на болидот на Рејсинг Поинт по крајот на овој тркачки викенд и тоа да го прави по секоја трка се додека работата не се реши.

Французите се жалеа на системот за ладење на сопирачките на РП20 болидите на Серхио Перез и Ленс Строл по Штаерското Гранд При на кое “розевите“ завршија на 6то и на 7мо место. Поради фактот што Рејсинг Поинт немаат намера да ги сменат проблематичните делови, Рено може да се жали на истите на секоја трка.

Одбраната се подготвува во седиштето на екипа во Силверстон, а доколку доказите бидат брзо прибрани, ФИА очекува сослушување во текот на последната недел од Јули, непосредно пред Британското Гранд При.

во моментов рено протестираа само на штаерското гранд при и имаат право да го прават тоа на сите трки се додека спорот не се реши, а Рејсинг Поинт има право да вози со сите спорни компоненти исто така додека случајот не добие разрешница, но ризикот кој го превземаат е нивни.

мислам дека е логично и очекува по секоја трка да има жалби и протести, но одлуката е само на рено, а не наша. мислам дека тоа ќе се случува се додека работата не се реши – изјави николас томбазис, одговорен за едноседи во фиа.

Тој појасни дека временската рамка за разрешување на случајот зависи од прибирањето на докази.

стјуарите им дадоа на рејсинг поинт три недели да ги предадат доказите и мислам дека е фер да се очекува тие да завршат до тогаш. не сум сигурен, но очекувам следната недела да имаме на располагање се што побаравме.

потоа, неделата пред трката на силверстон очекувам стјуардите да донесат одлука, но ќе повторам, се зависи од доставување на доказите од рејсинг поинт, а ние ќе го почитуваме рокот што им го дадовме.

во нормални услови стјуардите би ја решиле жалбата за неколку часови или следниот ден, но теоретски, тимот кој не е задоволен може да се жали во меѓународниот суд. потоа има други подготовки, адвокати, жалби и слично. веројатно тоа ќе се оддолжи до неделата по шпанското гранд при, но ќе се донесе финална одлука која мора да се прифати.

Томбазис дополни дека ако има повеќе жалби во текот на различни тркачки викенди, истите стјуарди ќе носат одлука.

не сакаме да имаме различни стјуарди за секој поединечен случај и на крајот да завршиме со 20 стјуарди кои ќе решаваат на секоја трка и на тој наин да создадеме несогласувања.

ќе ги провериме нашите опции и ќе одредиме стјуарди кои ќе бидат посветени на таа тема и на тој вид на протести поради константност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ