ФИА постави строги граници на патеката

ФИА постави строги граници на патеката во Франција.

Оваа патека има големи области за излетување и ФИА сега мораше да ги обележи истите да не се искористат во лоша насока. 

Секој возач кој нема да ја помине втората кривина ќе мора да вози десно до жолтото столпче и да се врати на патеката по двата блока. 

Доколку возачот не успее да ја помине четвртата кривина ќе мора да вози лево до столпчето и тротоарот пред да се врати назад на патеката по блокот од левата страна. 

Возачот кој ќе продолжи право на осмиот свиок ќе може да се врати на патеката по четирите блока на излезниот пат.

Секој возач има прави три пати да ја напушти патеката пред да добие црно бело знаме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ