Фитипалди среќен што избегнал посериозни повреди

Енцо Фитипалди има фрактура на петата и некои модринки и исекотини по кошмарниот судар на стартот од Формула 2 трката во Саудиска Арабија.

Моторот на Тео Пурчер изгасна на самиот старт, а Фитипалди не го забележа тоа и со голема брзина удри во задниот дел на истиот. Фрактурата на бразилецот не е проблематична, а Пурчер е добро и нема некои посериозни повреди, иако е несигурен за финалето на сезонаа во Абу Даби.

Енџо стартуваше од 18то место на гридот и забрзуваше силно по гаснењето на светлата, не гледајќи го болидот на Пурчер кој беше закопан во место. Трката беше прекината и екипите за итна помош ги вадеа возачите од кршот кој остана од болидите и ги пренесоа во болница.

благодарен сум што само имам скршеница на петата и некои поситни гребнатинки и модринки. ви благодарам на сите за пораките како и на медицинскиот персонал на фиа што одлично се погрижи за мене.

пресреќен сум што и тео е добро и ќе се вратиме на патеката многу брзо – напиша фитипалди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ