Формула 1 промовира нова линија на парфеми

Формула 1 промвираше линија од пет парфеми со цел да ги “одведе фановите на чувствително патешествие во текот на една трка“, а истите се достапни на продажба од 9 Ноември.

Првенството за прв пат покажа желба за ваков производ на трката во Абу Даби минатата година. Петте парфеми, Precious Mettle, Turn 1, Overtake 320, Neeeum White and Carbon Reign се дел од колекцијата Инженерство. Креирани во соработка со Designer Parfums, се во шише сместено во структура печатена во 3Д и треба да посочат кон Формула 1 шасија, а ќе се продаваат по цена од 195 фунти за шишенце од 75 милилитри.

Precious Mettle е “свеж, интензивен парфем со дрвен тон и метален момент кој ја претставува храброста на возачите додека се местат на гридот.”

Turn 1 е авантгардна композиција, претставува брзо вртење на гумите, како и дожд на солен асфалт, насочена кон перформансите низ свиоците.

Overtake 320 е именуван “по максималната брзина на километри во Формула 1 болид, со благ и зачинет вкус како мешавина од цимет и бергамот”

Neeeum White е “почит кон бестрашноста на Ф1 хероите како што се доближуваат до правецот, составен од мешавина на зачини, бибер и свежина на смрека.”

Carbon Reign е создаден “да ја прикаже победата, со жив и енергетичен мирис околу тон на шампањ и дрвен акцент“.

Многу сме возбуден за нашата втора ексклузивна колекција на парфеми, заедно со Designer Parfums. По успешната промоција минатата година во Абу Даби, возбудени сме што колекцијата е достапна во Европа и ќе не спои со фановите.

Уникатната колекција го прикажува спортот и е создадена да ги одведе фановите на патешествие – изјави Ели Норман, директор на Маркетинг и Комуникации.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ