Формула 1 ќе се гледа на Спорт Клуб во Македонија

На голема радост на фановите на Формула 1 во Македонија, телевизијата Спорт Клуб и официјално ги презеде правата за пренос на врвот на моторспортот во нашата земја од 2021 година.

КРУГ.МК стапи во контакт со централата на телевизискиот гигант во текот на вчерашниот ден кога и ни беше потврдено дека правата се обезбедени, а во текот на денешниот ден беше објавена и официјалната промоција за гледачите на Спорт Клуб.

Како дел од преносот и обезбедените права, Спорт Клуб ќе ги пренесува тренинг сесиите, квалификациите и трките во Формула 1, Формула 2, Формула 3 и Порше СуперКуп.

Преносот на трка ќе биде покриен од искусните новинари: Антонио Баковиќ и Маријан Пројиќ, а на нив ќе им се придружат и Дарин Јанковиќ, Звонимир Вогринц, Фран Михајлевиќ и Дарјан Петриќ.

Покрај Македонија, преносот на Формула 1 од Спорт Клуб ќе се врши и во Хрватска од оваа година, а телевизијата веќе ги покрива и останатите наши соседи од Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Врвниот пренос на светски спортски настани не е новитет за гледачите на Спорт Клуб и секако истото се очекува и од Формула 1, а секако на задоволство на сите, конечно и пренос во HD.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ