Фотограф го објасни инцидентот со Окон на крајот на трката

Фотограф од Формула 1 побара употреба на подобри наслови по страшниот инцидент во боксот на крајот од трката во Азербејџан.

ФИА ги повика своите официјални лица да го објаснат страшниот инцидент во кој Естебан Окон од Алпин влезе во боксот со полна брзина, само за да наиде на ѕид од главно фотографи, собрани пред Парк Ферме.

Пристигнав со 300 километри на час – рече Окон. Сопрев многу доцна и видов луѓе наоколу. Тоа беше лудо и Можеше да биде голема, голема несреќа.

За среќа, толпата се разотиде набргу, иако Окон мораше да забави.

Тоа е нешто што треба да се разгледа бидејќи Естебан има право да влезе во бокс во последниот круг и да ја заврши трката во боксот ако сака – рече Кристијан Хорнер од Ред Бул.

ФИА ја призна потребата да се подобрат и преиспитаат овие процедури за да се осигура дека оваа ситуација нема да се повтори.

Претставниците на ФИА го изразија своето жалење за она што се случи и не уверија дека тоа ќе го сторат навреме за следниот настан – додаода од федерацијата.

Меѓутоа, другите набљудувачи и коментатори, особено новинарите, ја нарекоа една од најопасните ситуации во Формула 1 во последно време. Но, еден од фотографите што мораше набрзина да се тргне, русинот Евгениј Сафронов, рече дека инцидентот не бил толку лош како што се опишува во насловите.

Бев таму – рече тој.

Тоа е одличен пример за нешто што може да се избегне, па треба да разговараме за ова. ни требаат подобри наслови од тие што сите ги објавија, дека можеше да заврши со трагедија.

Ќе ви кажам што се случи. Овој пат ФИА даде зелено светло малку порано од вообичаеното И тоа не беа само фотографи, туку и службени лица.

Да, секако беше опасно. Тоа не требаше да се случи, Но има лице зад воланот и неговиот болид има сопирачки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ