Ф1 будно го следи Руско-Украинскиот конфликт

Шефовите на Формула 1 открија дека будно ја следат ескалацијата на ситуацијата по нападот на Русија кон Украина утрово.

Ситуацијата помеѓу двете нации е се полоша со секој одминат ден последните месеци, но утрово се ескалираше кога руски трупи влегоа во Украина целејќи кон воениот потенцијал на земјата.

Од 2014 година Формула 1 се трка во олимпискто Сочи на Руското Гранд При кое годинава треба да биде 17та трка од календарот и да се одржи на 25 Септември.  Планот е овогодинешното издание на трката на брегот на Црното Море да биде последна, а во иднина истата да се префрли на Игора Драјв крај Санкт Петерсбург.

Трката е финансирана во целост од Владата на Русија, а Претседателот Владимир Путин е чест гостин на настанот.

Формула 1 издаде официјално соопштение дека будно се следи брзиот развој на настаните како и многу пати претходно, а таа пракса ќе продолжи.

Руското присуство во спортот е и преку возачот Никита Мазепин кој е родум од Москва како и главниот спонзор на Хаас, рускиот хемиски гигант Уралкали. Се очекуваат огромни санкции кон Русија во периодот кој следува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ