Ф1 го раскина договорот со Русија

По руската инвазија на Украина која почна минатата недела, Формула 1 најавија дека нема да се тркаат во Русија годинава и трката е откажана. 

Рускиот промотер тврдеше дека сепак ќе има трка, но само дека договорот е суспендиран. Сепак, најновите вести што дојдоа велат дека договорот за организација на Гранд При трка во  Русија е целосно откажан. Тоа значи дека наредната година нема да се префрли трката од Сочи во Санкт Петербург и е одлучено договорот да се раскине. 

Спортовите низ целиот свет ги раскинаа врските со Русија по стартот на инвазијата. Руските и белоруските спортитсти нема да учествуваат на параолимпијадата во Пекинг и ФИФА ги суспендираше руските клубови. ФИА најави дека руските и белоруските возачи може да возат само под бело неутрално знаме. 

Иднината на Никита Мазепин е несигурна и се чека одлука на Хаас. Главниот спонзор Уралкали е отстранет од болидот на Хаас, а тој го подржува Мазепин во текот на неговата кариера. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ