Ф1 доби подобри услови на кредитот од 2,9 милијарди долари

Формула 1 доби финансиски “простор за дишење“ откако Либери Медиа направи промена на условите на кредитот од 2,9 милијарди долари, а Чејс Кери најавува дека тоа ќе и помогне на компанијата полесно да ја преброди кризата

Договорот за кредит во себе има клаузула која ја дефинира задолженоста односно коефициент на вкупниот долг во однос на прифитот, коефициент кој компанијата треба да го задоволи за да не ги прекрши условите. Вообичаено тоа не е никаков проблем затоа што профитите на спортот се секогаш големи, но оваа година профитот е под влијание од пандемијата и отакжувањето на трките така што постои голем ризик коефициентот да не биде задоволен.

Со цел да се избегне тој ризик, Либерти издејствуваа промена на услови во договорот со кои соодветниот коефициент не треба да биде задоволуван се до 1 Јануари 2022 година. Со други зборови, тој услов е ставен буквално “на чекање“ до крајот на следната сезона затоа што се предвидуваат две тешки финансиски години во тркачката серија.

новата флексибилност во условите од договорот заедно со силниот баланс ќе ни ја подобрат ликвидноста и ќе ни дозволат да го пребродиме полесно овој тежок период – изјави чејс кери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ