Ф1 промовира Формула 3 серија од следната година

Формула 1 Груп е одбрана од страна на ФИА како промотер на новата ФИА Формула 3 серија која ќе стартува од следната година. Јуниорската серија ќе биде проратен настан на Гранд При викендите, ќе се вози со целосно нови болиди со шасии од исти снабдувач, како и мотори и гуми кои ќе ги одреди ФИА во соработка со Формула 1.

Формула 3 ќе се вози паралелно со Формула 2 трките за време на тркачките викенди, така што се очекува полесно пратење на најголемите млади таленти во моторспортот.

Трките ќе се одржуваат со најамлку 30 болиди и календар од 9-10 настани со по две трки за време на викендот. Болидите ќе бидат согласно најновите технологии и безбедносни стандарди на ФИА.

ФИА одлучи да ја рафинира пирамидата на трки со спортски едноседи на кои многу се посвети во последно време, така што новата Формула 3 серија е значаен дел од тој план и платформа. Ова ќе биде од голема предност за фановите и тркачките ако национално и регионално натпреварување под капата на ФИА што ќе биде прв чекор во интернационалното тркање, одека гледачите на патеката и телевизорите ќе имаат шанса да видат широк спектар на идни ѕвезди како се исачуваат кон кремот на моторспортот.

Формула 3 има долго наследство и историја како клучна категорија за разввиање на вештини и навики со кои се стигнува до врвот, а под покровителство на Формула 1 категоријата само ќе продолжи да цвета – објасни Стефано Доменикали, Претседател на Комисијата при ФИА задолжена за трки со едноседи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ