Ф1 уште повеќе вложува во хибридни мотори

Фановите кои посакуваат враќање на атмосферските мотори во Формула 1 ќе бидат разочарани, бидејќи турбо хибридите ќе останат во спортот.

Правилата за моторот во Формула 1 ќе бидат разгледани во 2026 година, но иако фановите и некои од тимовите посакуваат враќање кон познатиот гласен звук од пред 2014 година, тоа нема да се случи. Формула 1 има амбиција да стане независна од карбон до 2030 година, додека издржливи горива ќе бидат воведени до 2026 година.

Сето тоа, комбинирано со плановите на британската власт да се забрани продажба на нови автомобили на бензин и дизел од 2030 година, значи дека Формула 1 ќе остане со хибридни мотори и ќе се обиде да ја направи технологијата позначајна за идните секојдневни автомобили.

Уште повеќе вложуваме во хибридните мотори. Сметаме дека ќе има повеќе начини да се намали карбонот во автомобилската индустрија и сакаме да бидеме поврзани со тоа што не само ќе влијаеме позитивно над индустријата, но исто така ќе ги подржиме нашите цели за спорт кој ќе биде возбудлив за фановите.

Сите разговараат околу електричен погон и погон на хидроген. Го разгледавме и тоа како дел од следната генерација за 5 години. Но тие ги немаат перформансите кои се потребни за врвот на моторспортот, да се постигне брзината и километражата која е потребна на нашите патеки – изјави Јат Гангакумаран, директорот за стратегија и развој на бизнис во Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ