Хонда бараат промена во правилата за дел од моторот

Хонда сака да се воведе промена на регулативата што ќе овозможи да се заменат деловите на моторот оштетени при сударот на Макс Верстапен на Силверстоун.

Болидот на холанѓанецот беше огромно оштетен на трката за Големата награда на Велика Британија, откако со голема брзина влета во бариерите по контактот со ривалот Луис Хамилтон во воведниот круг.

Моторот сепак не беше целосно уништен, со тоа што Хонда може донекаде да го спаси, иако не е во доволно добра состојба за тркање. Техничкиот директор Тојохару Танабе сепак смета дека, ако може да се работи на тоа, може повторно да се искористи.

Тоа би предизвикало возачот да претрпи казна и Танабе смета дека ова правило треба да се преиспита.

Како што знаете, со сегашните регулативи, не можеме да менуваме делови што се запечатени од ФИА. За жал, ние сакаме да ги смениме деловите што се запечатени – рече Танабе.

Се разбира, ние во Хонда ги почитуваме прописите, базирани на долгогодишно искуство и воспоставени по дискусиите помеѓу ФИА и производителите.

Но, гледајќи ја нашата ситуација, мислам дека има простор да се преиспита регулативата.

Поточно, тој смета дека членовите на тимовите, производителите на мотори и ФИА, треба да можат да се состанат за да одлучат дали може да се дозволи да се работи без изрекување казни во одредени ситуации.

На пример, мислам дека е можно да разговараме за промените на деловите.

Можеме да ја разгледаме несреќата, да ги провериме податоците за ударот, оштетувањето на шасијата, да ја провериме штетата, делот и сите заедно да разговараме за барање за промена на делови за производителите, за да можете да промените или не.

Со оглед на моменталната економска ситуација, како и одржливоста на овој спорт, мислам дека имаме простор да размислиме за таков тип на работи.

Иако Танабе смета дека моторот на Верстапен би можел да се спаси доколку се дозволи, тој вели дека нема надеж за моторот на Серхио Перез, кој беше уништен на почетокот на трката за Големата награда на Унгарија.

За моторот на Макс одлучивме дека не можеме да го користиме во трките. Оној на Чеко е целосно уништен.

Во случај на оној на Макс, не сме сигурни дали ако ги замениме деловите, можеби ќе го користиме нормално, Но од гледна точка на безбедноста, сегашната штета е малку преголема за да се користи во трки.

Бидејќи двајцата возачи сега загубија мотор, казните најверојатно ќе го погодат силно Ред Бул во одреден момент подоцна од сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ