Хонда горди на титулите откако беа на дното

Јапонците од Хонда сметаат дека шампионската титула на Макс Верстапен е награда за нивните напори откако стигнаа на дното на почетокот од нивното Формула 1 патешествит.

Хонда се мачеше на почетокот од своето партнерство со Мекларе пред да мине во Торо Росо за 2018 година, а една сезоан подоцна и во Ред Бул. Иако “биковите“ пропуштија конструкторска титула, Верстапен ја освои онаа позначајната, возачката и со тоа стана прв возач по Аиртон Сена во 1991 година кој освоил титула со мотор на Хонда.

се вративме во спортот во 2015 година како снабдувач со мотори привлечени од софистицираната хибридна технологија. споредено со ривалите, нашето време за развој беше релативно кусо поради тоа, се мачевме на почетокот и дојдовме на смото дно во раните денови во спортот.

имавме логистички проблеми поради пандемијата, но оваа последна сезона се боревме со ривалите и победивме, сето тоа поради напорната работа на инженерите, механичарите, не само оние на патекта. тие не се откажаа во ниту еден момент, ни кога ни беше најтешко и моравме да лутаме.

повторно ја покажавме валидноста на ефикасноста на нашата технологија и способноста на нашите вработени – потенцираше масаши јамамото, оперативниот шеф на хонда формула 1 проектот.

Тој оддаде признание и на работата која беше сработена додека беа партнери со Мекларен и покрај тоа што таа соработка престана по големото незадоволство на Формула 1 тимот од моторот кој го добиваа.

секако дека немаше да стигнеме до овие резултати да не беше огромната улога на нашите најголеми партнери, ред бул рејсинг, но и алфатаури кои ни посакаа добредојде со широко отврорени раце и ни дозволиај да напреднеме по три претешки годин иза нас.

не смееме да ги заборавиме ни мекларен со кои ја почнавме нашата ера во формула 1 во 2015 година и сите возачи кои работеа со нас и дадоа се од себе за овие резултати. без сите тие елементи и без страста на секоја индивидуа немаше да успееме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ