Хонда е логичен избор на Андрети и Кадилак

Хонда е најлогичен избор за мотор за потенцијалниот Формула 1 тим на Џенерал Моторс Кадилак и Андрети Аутоспорт откако двете американски компании објавиле дека заеднички ќе “бркаат“ влез во најпрестижната тркачка серија во светот.

Џенерал Моторс до сега не изразуваше никаков итерес за производител на мотори без оглед дали се работи за актуелните правила или пак оние кои ќе стапат на сила од 2026 година. Претседателот на компанијата, Марк Рос, појасни дека веќе бил постигнат договор за снабдување со мотор со некој актуелен снабдувач присутен на гридот.

за почеток имаме потпишано договор со снабдувач за мотор, а сега продолжуваме понатаму. ние ќе го дадеме нашето искуство и знаење во иднина – појасни рос.

со џенерал моторс ќе соработуваме, а моторот ќе биде од друг производител – дополни мајкл андрети.

Никој од двајцата не посочи за кој производител се работи, најлогичен избор е јапонска Хонда. Тие официјално се повлекоа од спортот на крајот од минатата година, но неодамна најавија дека сакаат да останат во спортот со новите правила од 2026 година, а отворени се и за доставување на мотор кој потоа ќе биде ребрендиран.

Дополнително, Кадилак и Хонда имаат одлична и долгорочна соработка особено во електричните возила.

кај електричните возила веќе имаме голема соработка со нив, одлично партнерство, но во серии како индикар се тркаме против нив. имаме природен респект што не е воопшто проблематично, а ќе зборуваме за нашиот формула 1 мотор во иднина.

Опција за Андрети секако дека е и Рено откако французите останаа само со фабричкиот тим и дополнителна екипа и дополнителни километри и тоа како добро ќе им дојдат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ