Хонда нема ништо против Алонсо

Хонда нема ништо против Фернандо Алонсо, возачот кој жестоко ги критикуваше кога соработуваа во Мекларен, да биде возач на Астон Мартин откако јапонците ќе почне да доставуваат мотори во Силверстон од 2026 година. 

Соработката на Мекларен и Хонда беше катастрофална и Алонсо јавно ги критикуваше именувајќи го нивниот мотор како “ГП2 мотор“. По критиките, соработката беше прекината и сега тие повторно може да соработуваат од 2026 година доколку Алонсо остане во тимот Астон Мартин. 

Изборот на возачите останува на тимот. Доколку го задржат Алонсо, немаме ништо против него, Многу го почитуваме.

Не сме никако вмешани во изборот на возачите. Секако може да дадеме и некои сугестии – изјави претседателот на Хонда, Који Ватанабе. 

Актуелниот извршен директор на Хонда, Тоширо Мибе, додаде дека минатото си останува во минатото, но сеуште не е јасно дали Алонсо ќе продолжи со Астон Мартин бидејќи сега ја вози првата сезона од двегодишниот договор со тимот, а во 2026 година ќе има дури 44 години.

Јасно е дека Фернандо врши одлична работа и задоволен сум што тој е дел од тимот – изјави Мартин Витмарш, главниот извршен директор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ