Хонда не размислувале да останат во Ф1

Од Хонда тврдат дека никогаш не размислувале да останат во Формула 1 и покрај успехот на Ред Бул и Макс Верстапен. 

Верстапен со 10 победи годинава стана првиот возач со Хонда кој ја освоил титулата по Аиртон Сена во 1991 година. Хонда најавија дека ќе го напуштат спортот оваа година уште минатата сезона по седум сезони минати во Формула 1 како доставувачи на мотори/

Напуштањето на Формула 1 е голема одлука на Хонда која сака да стане неутрална од јаглерод. Иако имавме добри резултати оваа година, сепак не сме разговарале да останеме – посочи шефот на проектот, масаши јамамото.

Заминувањето на Хонда не значи целосно заминување бидејќи ги префрлија правата на Ред Бул Пауертраинс. 

Тоа ќе биде целосно контролирано од Ред Бул по нивно барање и ние ќе им ја дадеме потребната подршка. Хонда ќе даде се од себе – дополни тој

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ