Хонда се надева дека нема да има проблеми со моторите

Шефот на Хонда Ф1, Тојонару Танабе, се надева дека нивните казни за мотори ќе бидат искалкулирани и нема да имаат трошоци за поправки.

Лидерот во шампионатот, Макс Верстапен, го користи последниот мотор по многуте судари и наредно менување на мотор може многу да го чини. Иако има финансиски импликации за тимовите кога се поправаат моторите, сепак главниот проблем е казната. 

Грид казната е поголем проблем за нас. Секако и парите се важни бидејќи трошиме пари, А немаме поени. Поените се важни за возачот и за тимот. Тоа е поважно од трошоците – смета танабе.

Повеќе тимови имаа трошоци поради сударите, а шефот на Ферари, Матиа Биното, претходно рече дека виновниот тим треба да си ја плати штетата при судар. 

Иако повеќето мотори се запечатени од ФИА, Танабе се надева дека треба да се формира независно тело кое ќе дава дозвола на тимовите да менуваат делови без казна наместо да трошат многу пари на поправики. 

ФИА, тимовите и производителите ќе заштедат на поправики. Една моја идеа да се напраи независно тело за да се намалат трошоците. Лимитираниот буџет е важен за одржливоста на спортот. 

Хонда беше во можност да го поправи моторот од Силверстон за наредната трка но во Унгарија на квалификациите најдоа дека има скршен дел и подоцна направија промена. Танабе смета дека треба да има надворешно тело кое ќе прави проценка за да нема казни. 

Тешко е, Но сепак мислам дека треба да има надворешно тело од инженери. Кога моторот на Макс беше скршен бевме во чудна позиција. Тоа беше неочекувано. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ