Хонда ја освоиле титулата во рамките на планот

Шефот на Хонда, Масаши Јамамото, изјави дека тие ја постигнале целта во рамките на зацртаниот временски план. 

Макс Верстапен ја освои титулата оваа година и ова е прва титула за Хонда од 1991 година. Во 1980-тите и 1990-тите, Хонда работеа со Вилијамс и Мекларен и сега се вратија повторно во Мекларен, но не беа успешни. 

Во 2019 и 2020 година тие имаа четири победи со Верстапен и една со Гасли и сакаа да ја завршат 2021 година со титула. Една година подоцна Хонда, реши да си замине од Формула 1 по три сезони со Ред Бул. 

Секако е тажно, но го знаевме ова од октомври 2020 година и моравме да ја завршиме оваа сезона. Различно мислевме кога ја донесовме одлуката, Но сакавме да дадеме се од себе до крајот. Се фокусиравме на титулата и ја завршивме работата.

Целта е исполнета. Прво бевме партнери со Торо Росо, а подоцна и со Ред Бул. Наша цел беше да ја освоиме титулата за три години. Тоа и се случи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ