Чандхок се враќа во Скај Ф1

Поранешниот индиски Формула 1 возач, Карун Чандхок, ќе се врати на малите екрани како дел од Скај Спортс Формула 1 тимот.

Тој во последните години беше дел од Канал 4, кои имаа права на бесплатен пренос на некои трки на Островот, а сега повторно се враќа во Скај каде последен пат беше дел од тимот кој пренесува трки во 2014 година.

Возбуден сум што се враќам во Скај Спортс Ф1 наредната сезона. Имаме долга соработка во Формула 1 и сега е одлично време за враќање.

Верувам дека ќе бидам во можност да им понудам на гледачите уникатна перспектива од техничка, стратешка и историска гледна точка од моето 18 годишно искуство – изјави возбудениот чандхок.

Чандхок потпиша за Скај кои ќе ги пренесуваат сите трки во живо во Велика Британија, откако телевизијата неодамна потврди дека и Џенсон Батон ќе биде дел од тимот за 2019 година. Останатите водители и аналитичари на Скај се Мартин Брандл, Дејмон Хил, Пол ди Реста, Ентони Дејвидсон, Џони Херберт и Нико Розберг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ