Чандхок ја повикува Ф1 да се откаже од хибридите

Поранешниот Ф1 возач, Карун Чандхок, ја повика Формула 1 да го преиспита своето потпирање на хибридните погонски единици и да се врати на гласните В10 мотори од минатото.

Ф1 ги претстави В6 турбо-хибридните погонски единици во 2014 година и одтогаш се држи до високо ефикасната, но скапа и тешка технологија. Сепак, имаше неколку измени, а планирани се повеќе во 2026 година, при што МГУ-Х (генераторот за топлинска енергија) ќе се отстрани, додека електричната моќност ќе се зголеми на 350 киловати.

Но, постојан проблем со системот беше тежината, нешто што ги прави болидите помалку агилни. Истакнувајќи го ова, сегашната минимална тежина е 798 килограми, додека во 1995 година, прагот беше 595 килограми. И покрај тоа што регулативите од 2026 година се веќе решени, Чандхок верува дека Ф1 тргнала на погрешен пат.

Како што реков во неколку наврати, мислам дека е време Ф1 да ги отфрли хибридите со тешките батерии – напиша Чандхок на социјалните мрежи.

Лесните болиди со в10 мотори кои врескаат на одржливи горива би биле брилијантни. Ле Ман ги турка хибридите, Формула Е се целосно електрични, додека Формула 1 може да го води развојот на одржливи горива. За жал, производителите никогаш нема да дозволат тоа да се случи.

Формула 1 болидите моментално работат на мешавина на гориво што се состои од 90 проценти гориво и 10 проценти етанол од обновливи извори. Ова ќе се промени во 2026 година, кога, како и гореспоменатите промени, спортот ќе воведе 100 проценти одржливи горива.

Демонстрациите на Себастијан Фетел минатата година во историски болиди беа изведени со користење на одржливи горива и овие возења се она што поттикна повици за враќање назад кон мотори со постари спецификации.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ