Шафнауер верува дека Пиастри ќе се трка во Ф1 догодина

Тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер, верува дека неговиот млад возач, Оскар Пиастри, ќе се трка во Формула 1 догодина и покрај тоа што има многу шпекулации за и против негова евентуална позајмица во Вилијамс.

Откако младиот австралијанец стана Формула 3 и Формула 2 првак во две последователни години, стана резервист и тест пилот на Алпин годинава со обемна тест програма обезбдена за него. Двократниот првак, Фернандо Алонсо, се очекува да продолжи со тимот и по крајот на годинава, а Естебан Окон има потпишано долгогодишен договор, така што место во фабричката екипа за Пиастри нема.

Во последно време се се посилни шпекулациите дека Вилијамс ќе го замени лошиот Николас Латифи кој е во дебела сенка на Алекс Албон.

не брзаме со решавање на неговата иднина и го чекаме вистинскиот момент за да разгледаме какви опции имаме на располагање.

мислам дека пиастри ќе се трка во формула 1 следната година.

ние никогаш не разговараме за деталите од нашите договори со возачите, тоа никогаш не го правиме, тоа веднаш ќе ви го кажам. сепак, за планот можам да ви откријам дека планираме оскар да биде дел од формула 1 гридот – откри шафнауер од падокот во монтреал.

Јост Капито од Вилијамс посочи дека смета оти младиот возач на Алпин е подготвен за Формула 1 и дека е цел на секоја екипа која има празно место. Тимот од Гроув се мачи да го прилагоди Николас Латифи на новата генерација болиди и канаѓанецот многу се мачи од почетокто на годинава, така што шпекулациите за негово отстранување од тимот се се посилни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ