Шафнауер најавува неколку победи на Фетел годинава

Тимскиот шеф на Астон Мартин, американецот Отмар Шафнауер, најавува подиуми, пол позиции, па дури и неколку победи за Себастијан Фетел сезонава.

Летирикратниот првак заврши на 13то место во ланскиот возачки шампионат во своја разочарувачка сезона за Ферри, но Шафнауер смета дека годинава ќе биде даеку подобра за него.

сакаме да продолжиме онаму каде што застанвме лани, имавме трет најбрз болид на трка и завршивме на 4то место зад Мекларен. на моменти навистина немавме среќа и треба да поработиме на константноста затоа што можеме лесно да бидеме трети, тоа е наша цел – најави шефот на екипата.

Германецот нема да има многу време да се адаптира на новата екипа откако од 2014 година е дел од Ферари. Шафнауер веќе најави дека немаат можност да му овозможат на возачот тест со стар болид пред Бахреин.

не сме голема екипа со резерви на мотори и менувачи, тие не се наши, ги изнајмуваме и ги враќаме по крајот на сезоната. поради тоа немаме постар болид подготвен да вози со кој можеме да му дадеме шанса на себ.

Сепак, американскиот тимски шеф не смета дека тоа ќе биде пречка за возачот да покаже резултати годинава.

мислам дека многу брзо ќе се привикне на новиот болид и тим и ќе се бори за подиуми. ако “коцките се наместат“ како во бахреин и турција лани, можеме да имаме болид на пол позиција и победа,

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ