Шафнауер: Оспорувањето на болидот сеуште ни тежи

Шефот на Рејсинг Поинт, Отмар Шафнауер, изјави дека оваа сезона научиле многу вредни лекции, но дека оспорувањето на РП20 болидот сеуште му тежи на тимот.

Најголема контроверза оваа сезона беше оспорувањето на болидот на Рејсинг Поинт кој беше наречен розов Мерцедес поради многуте сличности со ланскиот В10 болид на “сребрените стрели“.

Но, на крајот, ФИА одлучи дека делот за ладење на сопирачките кај Рејсинг Поинт е легален за оваа сезона, но направи промени во правилата и тие ќе бидат нелегални за наредната сезона. Рејсинг Поинт добија казна од 400,000 евра и им беа одземени 15 поени што на крајот ги чинеше многу. 

На крајот на сезоната, Рејсинг Поинт беа многу конкурентни, но Шафнауер смета дека научиле вредна лекција. 

Имаше многу лекции и тоа во однос на безмилоста на некои наши конкуренти. На пример, сопирачките се легални, но наредната година нема да бидат. Всушност нашите сопирачки беа според правилата како и кај Хаас и Торо Росо кој купуваат од Ферари. Ние сами си ги дизајниравме.

ТОа не учи дека и покрај тоа што ги следите правилата, сепак може некој да ви го оспори тоа. Ми тежи бидејќи не направивме ништо лошо. Тоа најмногу ми тежи – вели американецот.

Рејсинг Поинт го остава овој проблем зад нив бидејќи наредната година тимот ќе претрпи ребрендирање и ќе се тркаат како фабрички Астон Мартин тим. Ленс Строл останува во тимот, а на него му се придружи Себастијан Фетел. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ