Шафнауер открива: Ребрендирањето беше премногу тешко

Шефот на Астон Мартин, Отмат Шафнауер, откри дека транзицијата од Рејсинг Поинт во Астон Мартин не била воопшто лесна, но е свесен дека мора многу да се сработи за да се стане врвна екипа.

Во Јануари минатата година, Рејсинг Поинт и официјално потврдија дека ќе го променат своето име и ќе станат фабричка екипа на историскиот британски бренд и веројатно и тогаш очекуваа дека промената нема да биде тешка. Изградбата на целосно новата фабрика доцнеше поради пандемијата, но стартуваше и се очекува екипата наскоро да се префрли во новиот објект откако долгигодни работи во старата фабрика од времето на Џордан Гранд При, изградена во 1980-тите години.

Клучно во транзицијата е интеграцијата на компонентите како персонал и технологија, нешто за што секако дека е потребно многу време за прилагодување. Дополнително, екипата ги постигна најдобрите резултати во својата историја токму годинава, така што сигурно не било лесно да се работи на повеќе фронтови.

сезоната беше многу тешка, а задачата која требаше да ја одработиме преголема. лесно е да се заборави колку работевме да поставиме бренд за новата ера во екот на сезона полна со предизвици и глобална криза. моравме да балансираме со сите задачи, а дојдовме до победа и неколку подиуми, а на крајот и до 4то место во поредокот.

сите од екипата треба да бидат многу горди на постигнувањето и мислам дека покажавме дека сме нова екипа со име и идентитет, задржавме силни перформанси и придбивме за да стигнеме оваму каде што сме денеска – објасни шафнауер.

Фабричкиот Астон Мартин ќе има тешка задача пред себе, да го задржи ланското ниво, но секако и да напредува и да се подобрува, а секако дека четирикратниот шампон Себастијан Фетел е донесен за да помогне во огромниот предизвик пред екипата.

предизвикот и целта која самите си ја поставивме пред нас е да бидеме најефикасна екипа на гридот, но во моментов имаме шанса да се промовираме како врвна екипа, но и да го задржиме нивото на ефикасност затоа што пред нас е ново поглавје како астон мартин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ