Шафнауер откри што променил во Алпин

Отмар Шафнауер е сеуште рано во својот престој како тимски шеф на Алпин, откако во пресрет на сезоната дојде во француската фабричка екипа од Астон Мартин, но откри кои работи ги променил на новото работно место.

Откако стана дел од тимот, екипата изгледа доста силно и во моментов се на 6то место кај конструкторите со вкупно 26 поени, 5 помалку од Алфа Ромео кои се позиција пред нив. Последната трка во Мајами се поакажа како одлична за тимот откако Естебан Окон кој стартуваше од послендо место донесе 4 поени со финиш на 8ма позиција.

луѓето ми честитаа по резултатот во мајами, но јас им велев дека јас не бев дел од тимот кој го развиваше болидот и поради тоа немам заслуга за тоа. но, потоа ми кажаа дека морам да превземам дел од славата затоа што кога нема да оди добро ќе бидам прв кој ќе биде на удар, што е вистина – откри американецот.

Отмар призна дека сеуште е многу рано на шефовското место во тимот, но е задоволен што може да го користи своето искуство и да менува одредени работи.

сеуште учам, во тој процес сум. има некои работи кои ги почнав и се подобруваат паралелно со подобрувањето на болидот. посочив дека на некои работи треба д асе обрне повеќе внимание и тоа се прави во моменов. експериментираме и среќен сум што можам да спроведам некои работи.

По неколку години минати во Силверстон кај Астон Мартин отккао беше дел од тимот и во времето на Рејсинг Поинт и Форс Индија, тој знае како се прави добра екипа.

стабилноста е клучна. да се донесат вистинските луѓе и да се задржат, да се однесувате добро кон нив и да им дадете слобода да ризикуваат, застануваји зад нив и кога е добро и кога е лошо. само така се успева и само така ќе се ризикува и во иднина.

ако не ризикувате, тогаш процесот на учење ви е забавен. мора да поттикнувате ризици и да ставите јасно до знаење дека како шеф на тимот, неуспехот е на вас. често се греши повее одошто се успева, но така е и најважно е да не се повторуваат грешките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ