Шафнауер: Правдата победи

Шефот на Алпин, Отмар Шафнауер, изјави дека правдата победи откако на Фернандо Алонсо му беше вратена седмата позиција од трката за Големата награда на Америка по сослушувањата во четвртокот. 

По трката во Америка, Алонсо доби казна од 30 секунди поради што ја изгуби седмата позиција откако отпадна неговиот ретровизор. Хасс задоцниле со жалбата за Алонсо и поради тоа одлуката беше променета. 

Мислам дека го добивме резултатот што Формула 1 го заслужува. Правдата победи и нормално сум за мојот тим и сакам да биде на седма позиција.

Жалбата беше поднесена предоцна и тоа беше главниот аргумент. ФИА го прифати тоа и донесе точна одлука. Дефинитивно има некој аномалии, Но мислам дека треба да се носат вистински одлуки – задоволен е отмар.

ФИА потврди дека нејзиниот претседател направил истрага за црно – портокаловото знаме кое ги повикува болидите да се вратат во боксот за поправка на штетата. Шафнауер призна дека тоа е проблем и според него ситуацијата на Перез е поблиску со проблемите кои ги имаше Хаас со Магнусен. 

Мислам дека споредбата на крилото на Перез и Магнусен има поголема смисла. Магнусен доби знаме, а Перез не. Одлуките на ФИА треба да се константни. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ