Шафнауер против шефот: Неговите критики воопшто не помагаат

Тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер, смета дека критиките од Главниот извршен директор на Алпин дека тимот на моменти се однесува аматерски воопшто не помагаат и не додаваат притисок да се испорачаат резултати.

Фабричкиот Формула 1 тим се најде под жестоки критики од Роси за време на викендот од Мајами дека не се испорачани очекуваните перформанси и резултати. Шефот Шафнауер не е задоволен од испадот на Роси посочувајќи дека такви јавни настапи воопшто не помагаат и не ја подобруваат ситуацијата.

читајќи нешто такво во весниците не стават притисока над нас. сите овдека сакаат да додјеме до добри резултати, имаме искуство, имаме врвни техничари и инженери и знаеме како самите да се притиснеме, само треба да поправиме некои работи – објасни американецот.

видов дека нешто изјави лорен затоа што го видов насловот, но искрено немав време да прочитам што точно. знам дека не бевме на ниво во баку, возачите се удрија еден во друг во австралија, а мислам дека со казните на првата трка си го уништивме почетокот на сезоната. секако дека немаме добар почеток на првенството и можеби затоа тој искоментирал нешто, но не сум прочитал.

Отмар е свесен дека приоритет на екипата е да научи од се што им се случува годинава и да се направат промени во процесите и инфраструктурата со кои ќе се избегнат грешките во иднина.

се што можеме да направме кога имаме проблеми како во баку е да ја разбереме причината зошто тоа ни се случува и да се осигураме дека ќе направие процеси и ќе поставиме луѓе за да не се повторат грешките.

ни се запали моторот и не смеемее тоа да го дозволиме пак. мораме да анализираме зошто некои работи се случуваат и да избегнеме истото да се повтори, тоа и го правиме, тоа се работи во екипата.

Секако дека изјавите на Роси имаат порака во себе, иако истата не е премногу јасна. Можеби се обидува да го насочи притисокот кон себе или пак најавува планирани промеби во екипата.

не знам што му беше идејата, прашајте го него, јас секако ќе го праша. викендов беше многу густ така што немав време

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ