Шафнауер: Фетел ќе добие болид каков што сака

Отмар Шафнауер, шефот на Астон Мартин, најави дека екипата ќе направи се што е потребно за да му даде на Себастијан Фетел болид каков што тој сака за да биде конкурентен.

Четирикратниот првак продолжува со Астон Мартин по шест години минати во Ферари, по што американскиот шеф е полн со поддршка која на германецот му недостасуваше во Маранело.

речиси секој возач кој сме го имале сака болид со стабилен заден дел и поради тоа секогаш сме барале и сме работеле на таква стабилност за колку што можеме подобро да го подесеме балансот на болидот, така што сигурно дека ќе направиме се и за себасијан да добие болид каков што сака – најави шафнаеур за германски RTL.

Доколку му дадат болид каков што сака, Астон очекува да има огромна корист од искуството и информациите кои возачот ќе ги споделува.

знаеме дека фетел е еден од најдобрите возачи при изборот на стратегија.

Германски Sport1 пренесува дека Фетел веќе возел во симулаторот на тимот и посочил какви промени треба да се направт на шасијата за оваа година, а една од тие промени секако дека ќе биде задната суспензија од ланскиот шампионски болид на Мерцедес.

неговото прво возење во симулаторот беше одлично. себастијан е се она што од него го очекувавме, вистински професионалец и четирикратен шампион, а гледаме и зошто. работи многу напорно, прашува прашања и сака се д азнае.

ние ќе се осигураме не само да му дадеме силен болид, туку и тим и атмосфера која ќе му годи за д го извлечеме најдоброто од него за добро на двете страни. ако направиме се како што треба, победите ќе дојдат сами по себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ