Шефот на Либерти Медиа лани заработил 44 милиони долари

Претседателот и Главен извршен директор на Либерти Медиа, Грег Мафеи заработил вкупно 44 милиони долари минатата година.

Мафеи е шеф на првиот човек на Формула 1, Чејс Кери и ги надгледува операциите на сите главни инвестиции. Во 2019 година тој добил 44 милиони долари што е многу повеќе од претходните години. Во 2017 заработил вкупно 19,8 милиони долари додека година потоа инкасирал 20,1 милиони долари.

Бројките варираат во зависност од бонусите и акциите. Неговата основна плата пораснала за 5% согласно неговиот петгодишен договор од 2014 година. Либерти Медиа се јасни дека неговиот пакет зависи од успехот на компанијата.

Ние целосно го разгледавме неговото постигнување. Во декември Мафеи доби 5-годишен договор со фиксна плата од 3 милиони долари, со една бонус исплата од 5 милиони долари и дополнителен бонус за успешност од 17 милиони долари – откриваат од компанијата.

Либерти објавија и дека просечна плата во нивниот бизнис е 93,055 долари годишно. Оваа година Либерти имаат голем предизвик откако сезоната во Формула 1 е неизвесна поради пандемијата на корона вирусот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ