По револуција на правилата во 2017 година, во која болидите станаа пошироки и побрзи, оваа сезона промените се релативно малку во број. Но секако, тоа не значи дека не се важни, а некои од нив ќе бидат очигледни.
- Забрана за користење на Т-Крила и Перки над агрегатот
- Задолжителен ХАЛО систем за заштита на кокпитот
- Забрана на суспензија која може да ги промени аеродинамичните перформанси на болидот во текот на еден круг
- Возачите се ограничени на 3 агрегатни единици за цела сезона, наместо 4 како во 2017 година
- Грид казните се поедноставени кога станува збор за промени на агрегатните единици
- Зголемен е изборот на пневматици со компоненти за сува патека