Јамамото не знае дали ќе се смее или ќе плаче по трката

Во пресрет на последната трка од сезоната во која ќе се решаваат двете шампионски тиули, а воедно и последна за Хонда во Формула 1, шефот на јапонскиот производител, Масаши Јамамто, не е сигурен дали ќе плачат или ќе се смеат во Недела попладне.

Макс Верстапен и Луис Хамилтон патуваат во Абу Даби со еднаков број на поени, така што оној кој ќе заврши пред другиот, станува првак. Последниот наслов за Хонда дојде во 1991 година, титула која им ја донесе Аиртон Сена со Мекалрен Хонда.

конечно дојдовме до последната трка од сезоната во абу даби. ќе биде многу значаен момент не само на патеката туку поради фактот што трката ќе биде кулминација на Формула 1 за Хонда последните седум години.

поради тоа емоциите се помешани, тага и среќа за многу спомени, добри и лоши, во пресрет на последната заедничка трка.

како и да е, титулите сеуште не се одлучени и заедно со ред бул се бориме жестоко против мерцедес и луис хамилтон за двете титули. поради тоа иако нашето време во спортот завршува, решени сме да дадеме се од себе, како и секогаш, на овој последен викенд – најави јамамото.

Неделната трка ќе означи кулминација на долго и тешко враќање на Хонда во Формула 1. Јапонците најпрво почнаа ексклузивно со Мекларен, но по три очајно лоши сезони минаа во Фаенца и го снабдуваа АлфаТаури со мотори, а од 2019 година почнаа и Ред Бул. Со двете екипи победија дури 16 пати.

хонда се врати во формула 1 во 2015 година, но проектот не одеше како што очекувавме на почетокот, имавме многу подеми и падови и беше многу тешко, особено на почетокот. кога ќе се сетам на тие рани денови сум многу горд затоа што гледам каде сме сега, на последната трка и знам што сме постигнале.

освојувањето на титули е наш сон и секогаш сме се движеле кон тој сон чекор по чекор. сонот е сега на дофат, но не можам да кажам дали во недела по трката ќе се смееме или ќе плачеме.

сите кои се дел од нашата екипа, заедно со колегите од ред бул и алфатаури се мотивирани и расположени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ