Јамамото очекува и се надева дека Хонда ќе се врати

Шефот на Хонда моторспорт, Масаши Јамамото, вели дека се надева и очекува јапонскиот производител во иднина да се врати во Формула 1.

Хонда на крајот од минатата сезона и официјално се збогува од врвната моторспорт тркачка серија по седум години инати како снабдувач со мотори. Се вратија на гридот во 2015 година преку Мекларен, но по три неуспешни години во Вокинг, заминаа и го снабдуваа Торо Росо со мотори во 2018 година. Од 2019 година, во својата клиентела

Заедно со Ред Бул, јапонците станаа возачки прваци годинава, а правата за своите мотори ги продадоа на екипата од Милтон Кинс кои самите треба во иднина да си ги произведуваат агрегатите. Сепак, Хонда останува нивна поддршка и годинава, а моторот за сезонава се вели дека сеуште се развива во Сакура.

лично очекувам и се надевам дека хонда ќ есе врати во формула 1. се зависи од тоа колку младите луѓе во хонда с естраствени за моторспортот и ако тие го убедат менаџментот да се врати, тоа и е се случи – посочи јамамото.

Со освоената титула минатат година, јапонците постигнаа огромен успех откако беа на дното при нивното враќање во спортот.

и покрај тоа што имавме големи проблеми со логистиката поради пандемијата, последната година се бориме силно со нашите ривали и ги победивме, станавме прваци. сето тоа е поради напорната работа од сите инженери и механичари, не само оние крај патеката. тие никогаш не се откажаа дури и кога беше најтешко.

успеавме да ја докажеме валидноста и ефективноста на нашата технологија и подготвеноста на нашата работна сила. секако дека немше да стигнеме до овие резултати без нашите партнери од ред бул и скудерија алфатаури кои одлично не пречекаа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ