Јамамото: Ќе се вратиме во Ф1 во иднина

Масаши Јамамото, шефот на Формула 1 проектот на Хонда, верува дека јапонскиот производител ќе се врати во спортот во иднина, откако уште лани официјално потврдија дека ја напуштаат Формула 1 на крајот од оваа сезона.

Јапонците открија дека ја напуштаат врвната серија со цел да се фокусираат на еколошки проекти, но компанијата исто така потрврди и дека АлфаТаури и Ред Бул ќе добиваат огромна поддршка од Сакура следната година пред целосно да го префрлат производството во Ред Бул Пауертреинс од 2023 година.

лично мислам дека во иднина ќе се вратиме во формула 1. во моментов сме во ситуација во која се фокусираме на еколошки проекти кои мораме да ги забрзаме. но, што сето тоа биде како што треба, имаме луѓе кои ќе сакаат да се вратат назад во тркачката серија – најави јамамото.

Во скорешно интервју, Јамамото откри декатие ќе го искористат максимално успехот на Ред Бул оваа сезона и вели дека успехот во овогодинешното првенство нема да влијае врз нивната одлука.

многу е тешко д асе одговори, но факт е дека резултатот многу ќе влијае над нас. од наша гледна точка, проектот завршува на крајот од сезоната и поради тоа сме фокусирани да освоиме титула.

следната година ќе биде транзициска, некои луѓе остануваат да го работат овој проект. нема повеќе да имаме маркетинг и менаџмент на патека, така што хонда реално си оди на крајот на сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ