Њујорк понуди место за Формула 1 трка

Шефот на Либерти Медиа, Грег Мафеи, откри дека новиот Градоначалник на Њујорк понудил место за потенцијална Формула 1 трка во иднина. 

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, претходните години се обидуваше да организира трка во “големото јаболко“ и истата требаше да се одржи во 2013 година, но проектот пропадна поради финансии. 

Мафеи откри дека градоначалникот Адамс, кој започна со работа на 1 Јануари, го понудил местото меѓу островите Рендал и Вард, североисточно од Менхетен, но не појасни дали ова место е соодветно за Либерти. 

Администрацијата на Ерик Адамс имаше контакт со нас. Многу пари и време беше инвестирано претходно, Но мислам дека е многу тешко да се организира градска трка во Њујорк.

Лас Вегас е друга приказна, Но тешко дека ќе се затвори Централ Парк за нас – свесен е шефот на либерти.

Мафеи е задоволен од првата трка во Мајами за која смета дека била голем успех. 

Имавме голем успех и побарувачката беше луда. Немаше ништо невообичаено во однос на логистиката. Мислам дека сите си ја завршија работата. Знаевме за проблеми, но тие беа решливи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ