Жером Стол се повлече од Рено Спорт Рејсинг

Жером Стол одлучи да се повлече од функцијата Претседател на Рено Спорт Рејсинг по пет години на чело на спортскиот оддел во францускиот производител.

Во негово време, Рено се врати во Формула 1 како фабричка екипа, нешто што се случи во 2016 година и сега уживаа во одлична сезона со Даниел Рикардо кој ги врати на подиумот. Формула 1 тимот наредната година ќе биде ребрендиран во Алпин.

Овие пет години како претседател на Рено Спорт Рејсинг беа доста напнати. Имав предизвик да го изградам од ново Формула 1 тимот и тоа бара многу време и откажувања.

Првиот чекор беше да се врати тимот на подиумот. Сега ја имав таа привилегија да ги следам промените и напредокот.

Титулата во Формула Е и нашите млади возачи во Еурокуп и Клио Куп се дел од ова прекрасно искуство. Им должам на сите кои помагаа во компанијата, Тие се одлучни во градењето на брендот. Сега има ново поглавје со Алпин и сигурен сум дека најдоброто следува. Горд сум што бев дел од оваа авантура – изјави стол.

Извршниот директор на Рено, Лука де Мео додаде:

Врската на Жером со компанијата и неговата желба за моторспортот се дел од ДНК на брендот и враќањето во Формула 1. Неговото искуство и експертиза беа клучни при напредокот и правењето на тимот и му благодарам за направеното во последните пет години.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ