Џовинаци задоволен што добил убави пораки од Луис и Макс

Антонио Џовинаци, сеуште актуелниот возач на Алфа Ромео, откри дека добил пораки со поддршка од Луис Хамилтон и Макс Верстапен откако се официјализирало неговото непродолжување во тимот следната година.

Италијанецот ќе замине од швајцарскиот тим на крајот од сезонава, а неговото место ќе го превземе првиот кинез во спортот, Гуанју Жу, крај Валтери Ботас кој од поодамна беше потврден. 27-годишниот штитеник на Ферари тешко се помири со одлуката на тимот и преку социјалните мрежи изјави дека “парите го вртат спортот“.

хамилтон и верстапен ми пишаа убави пораки и тоа се работи кои ги ценам затоа што значи дека ме следат. се тркав со макс во 2015 година во формула 3 и поради тоа веќе добро се познавам со него, но нивните гестови се навистина одлични. но, ми пишаа и гасли, окон и перез – откри џовинаци за италијанското Rai Radio 2.

Сепак, Антонио експресно најде место за себе во Формула Е за следната година, а презадоволен од соработката со него е и Кими Раиконен со кого беше партнер во тимот последните три години.

навистина штета за него затоа што е многу добро момче, се знаеме доста долго, уште од времето на ферари. се надевам дека ќе најде добро место и еден ден повторно ќе добие шанса во формула 1 – изјави кими.

Втора шанса ретко се укажува во Формула 1, но италијанецот е убеден дека може да се врати на гридот во иднина.

секако дека понекогаш лошата среќа е дел од спортот и се надевав дека работите ќе се одвиваат како што јас сакав, но не беше така, а среќата ми го заврти грбот. сезонава можев да постигнам многу повеќе и штета поради тоа затоа што навистина многу напорно работев, сит енапорно работевме и поради тоа сме назочарани што не дојдовме до посакуваното.

но, тоа е дел од спортот и од животот, не смееме да бидеме лути туку да гледаме кон иднината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ