Џовинаци за Формула Е: Како да возите Ф1, но на дожд

Антонио Џовинаци го загуби своето место во Формула 1 по три години во серијата, а годинава пред нас ќе се трка во електричната Формула Е тркачка серија.

Паралелно со своите обврски во Драгон Пенске Формула Е за 2022 година, тој ќе биде и резерва и развоен возач на Скудерија Ферари чиј член е одамна. Тој има тест во електричната тркачка серија во 2018 година, а возеше и во Валенсија минатиот месец пред Големата награда на Саудиска Арабија. По тестот, призна дека најновата генерација електрична болиди се тешки за прилагодување.

очекував дека нема да биде лесно особено откако во 2018 година ја возев првата генерација на тестот за дебитанти. оваа втора генерација секако е подобра, но очекував да биде полесно на возење. кочењето е навистина комплицирано – откри италијанецот.

Споредувајќи го грипот помеѓу Формула 1 каде ги мина последните три години и електричната Формула Е, Антонио откри дела е целосно различно и бара привикнување.

се сеќавам дека по првиот тест ден бев целосно загубен, како да возев Формула 1 болид, но по дожд. требаше да си ги средам мислите во однос на балансот затоа што не сум возел ништо слично претходно.

требаше да се кочи навистина меко, немате многу грип, немате потисна сила и не може да минувате брзо низ кривините. се беше ново, а згора на се, немаше звук. потоа пробав менаџирање на енергијата со тркачки ритам и се беше ново.

сеуште не сум целоосно привикнат на болидот, ќе треба да работам на тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ