Џовинаци конечно имаше среќа

Антонио Џовинаци од Алфа Ромео имаше втора топ 10 завршница оваа сезона и тоа во Саудиска Арабија која беше претпоследна трка за него со тимот од Хинвил. 

27-годишниот италијанец кој ќе премине наредната сезона во Формула Е, имаше одлична трка во Џеда каде се квалификуваше на 10та позиција, две места пред колегата Кими Раиконен. На хаотичната трка, тој успеа да стигне до седмата позиција каде имаше два рестарта, но не успеа да ја задржи. 

Конечно имав малку подобра трка. Уште од првиот тренинг знаев дека ќе бидам брз. На квалификациите и на трката бев задоволен со брзината и успеав да одам напред – посочи италијанецот.

Сепак, во последниот дел од трката Џовинаци не можеше да направи многу и да се одбрани од брзите Ферари, но тој е задовоелн со постигнатото. 

Беше одлично. Последен пат бев брз во Монако и среќен сум денес. Имав одличен викенд, одлични квалификации, трка и рестарти и извлеков максимум. Среќен сум со деветта позиција и што стигнав до крајот. Навистина сум среќен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ