Џовинаци: Не чувствувам дека ова да е мојот крај во Ф1

Пред неговата последна трка со Алфа Ромео во Формула 1, Антонио Џовинаци вели чувствува дека ова не е крајот на неговата Формула 1 приказна.

Минатиот месец, по повеќенеделни шпекулации, Џовинаци потврди дека ќе го напушти тимот на Алфа Ромео на крајот од оваа сезона.

Наместо тоа, тој ќе се трка во Формула Е, откако потпиша со Dragon Racing за сезоната во 2022 година. Италијанецот го загуби своето место во Алфа Ромео од возачот на Формула 2, Гуанју Жу и ги сподели своите размислувања за тоа.

Формула 1 е талент, болиди, ризик, брзина, но кога владеат парите, тие можат да бидат немилосрдни.

Излегувањето на Џовинаци од Алфа Ромео значи и крај на неговата Формула 1 кариера бидејќи сите места за сезоната 2022 веќе беа пополнети кога тој ја загуби работата. Тој изјави дека се надева дека ќе остане како тест и резервен возач на Ферари, но Скудерија допрва треба да објави некакво соопштение во врска со тоа.

И можеби, само можеби, тој ќе се врати во 2023 година. Барем тој чувствува дека тоа е можност.

Засега ова е последна трка. Мислам дека беше добро да се работи и да се биде во Формула 1, многу убави спомени, лоши спомени, како и сè во животот.

Мислам дека засега сакам само да уживам во оваа последна трка со тимот. Сèуште притискаме како што направивме минатата недела во Саудиска Арабија.

И тогаш ќе видиме. Ако успееме да освоиме бодови во Недела, би било добро да завршиме со добар резултат.

Џовинаци го постигна својот најдобар резултат оваа сезона, деветто место на Големата награда на Саудиска Арабија, само неговиот втор пласман меѓу првите десет. Запрашан дали се чувствува емотивно пред неговата последна трка, тој повтори дека не верува дека ова е крајот.

Не, затоа што во себе не чувствувам дека ова е мојот крај во Формула 1. Засега сакам само да уживам во оваа последна трка со тимот и потоа веднаш ќе размислувам за Формула Е која ќе започне наскоро во Јануари.

засега сакам само да уживам, но како што реков за мене ова не изгледа како да е мојата последна трка во Формула 1.

Алфа Ромео и Формула 1 се збогуваат и со Кими Раиконен овој викенд, финецот се пензионира по 19 години на гридот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ