Џовинаци сака да се подобри во квалификациите

Само еден возач во 2020 година не успеал да се пласира во К2, то е Антонио Џовинаци, смета дека Алфа Ромео сега го има пакетот тој да се подобри понатаму.

Алфа Ромео имаа проблем со темпото во еден круг и на секој настан досега Џовинаци беше елиминиран во К1, со највисок пласман на 17то место. Но, Кими Раиконен стигна два пати во К2 на последните 4 трки и Џовинаци открива дека тоа е позицијата кон која тој цели.

Одвај чекам да се вратам во болидот бидејќи сум сеуште фрустиран од претходната трка. Видовме со Кими дека има потенцијал за добар резултат, но јас се тркав само еден свиок на Муџело.

Сакам да притиснам кон К2 и да бидам во поени на трката. Моето единствено возење на Сочи беше минатата година и немав среќна трка. Мора да се покажам овој пат – посакува италијанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ