Џордан: Алчниот Алонсо губи титули поради пари

Поранешниот сопственик на Ф1 екипа, Еди Џордан, верува дека желбата на Фернандо Алонсо за пари ги уништила шансите да освои уште некоја титула во кариерата. 

Тој освои 2 титули со Рено во 2005 и 2006 година, а 3 пати не успеа да дојде до титула со Мекларен во 2007 и Ферари во 2010 и 2012 година. Многумина го критикуваат изборот на Алонсо на тимовите откако го напушти Ферари за да се приклучи на Мекларен во 2015 година поради повеќе пари. 

Никогаш не гледа назад. Мора да се запраша и да го праша Флавио зошто секогаш одат по парите. Тој смени тим за повеќе пари и повторно ќе го направи тоа и не гледа дали има шанса за титула.

Мислам дека сега жали, Но мора да сфати дека направил грешка И јас би му кажал дека прави грешка. ТОј е двократен шампион, а лесно можеше да има пет или шест титули – смета џордан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ