📷 Без најави, новата Алфа се провозе на Фиорано

Новиот Алфа Ромео болид за прв пат беше изнесен во јавноста откако тимот реши да користи приватен тест за снимање на патеката во Фиорано, автодром сопственост на Ферари.

Болидот имаше камуфлажни шари за целта на ова тестирање, Валтери Ботас беше возачот кој управуваше со болидот, но со целосно црна заштитна кацига со која се појави по мократа патека.

Тимот за сега нема најавено формален план за промоција на болидот пред предсезонскиот тест кој е планиран за Шпанија. Наместо тоа, најавена е промоција на Ц2 на 27 Февруари, два дена по крајот на тестот.

Сепак, екипата реши да искористи еден од двата дозволени денови за снимање и промотивни активности за да го проба болидот и работата на сисе системи во пресрет на почетокот на официјалното тестирање. Во 2019 и 2020 година, тимот исто така имаше тест пред почетокот на тестот и тогаш користеше шари со срца во чест на Валентајн.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ