1.000-та трка во Кина наместо на Силверстон

Јубилејното Гранд При број 1.000 нема да се одржи на местото каде започна Формула 1, во легендарниот британски Силверстон, туку таа привилегија му е доделена на кинескиот Шангај.

Силверстон беше дестинацијата каде Формула 1 требаше да ја дочека својата 1.000-та трка, настан кој требаше да биде празник, но времето на одржување на настанот носи голем ризик од врнежи на островот, а челниците сакаа да играат “на сигурно“.

Силверстон беше прво Гранд При и ние би сакале да биде и 1.000-то. Мислам дека таму постои одлична приказна и одлична хармонија, но штом сватив дека времето во Април може да биде лошо во Британија, логично го сменивме планот – појасни комерцијалниот шеф на спортот, Шон Брачес.

Единствената британска трка која се одржа во Април беше во 2000 година, а дождот целосно ја уништи трката по што организаторите беа приморани да ги затворат целосно поплавените пркиралишта.

Многу време минавме размислувајќи на таа тема и анализирајќи ги трките и временските шеми. Кина е одлично место за трка, таа е дел од нашата иднина и среќни сме што токму на таа јубилејна трка ќе бидеме таму.

Кинезите се пресреќни и презадоволни што почнавме разговори со нив за да го подобриме 1.000-от Гранд При настан и соодветно да го прославиме – додаде Шон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ