12 клучни прашања пред почетокот на сезоната во Ф1

Предсезонското тестирање во Формула 1 секогаш има тенденција да предизвика повеќе прашања отколку што одговара на истите.

Oткако Мерцедес се мачеше во Бахреин, додека Ред Бул го предводеше патот и голем број возачи и тимови изведуваа главни тестови, како всушност се оформува сезоната во 2021?

1. Може ли Мерцедес да ги среди своите проблеми?

Ако Мерцедес навистина ги криеле своите перформанси на претсезонското тестирање во 2021 година, тие сигурно успеале во тоа.

Извртувања, одложувања и технички проблеми доведоа Сребрените Стрели да забележат најмалку кругови од сите со 304 (наспроти Алфа Ромео и АлфаТаури 422), иако анализата на податоците сугерираше дека тие всушност водеа на долги стинтови, заостануваа позади Ред Бул на кратките, додека ниту Валтери Ботас ниту Луис Хамилтон не се чувствуваа удобно во новиот В12.

Тие веројатно ќе се вратат назад секако, ова е Мерцедес сепак, но прашањето е колку долго ќе трае тоа закрепнување?

2. Може ли некој да спречи Хамилтон да ја освои осмата титула?

И покрај неговите проблеми на тестот, Хамилтон сепак ќе влезе во сезоната како фаворит за да додаде рекордна осма титула во неговата кариера, па дури и поцврсто да го зацементира својот статус на најдобар на сите времиња.

Но неговиот колега Валтери Ботас изјави дека тој ќе има среќа во 2021 година и повтори неколку пати преку тестот дека апсолутно верува дека ова ќе биде негова година. И додека Ред Бул водеше во тестирањето пред сезоната и новото спарување на тимот на Макс Верстапен и Серхио Перез кон изгледаат добро, Хамилтон би можел да има полни раце работа.

3. Дали Луис ќе се трка по оваа сезона?

Многумина беа изненадени што договорот што конечно беше постигнат меѓу Мерцедес и Луис Хамилтон за 2021 година со траење само до крајот на сезоната.

Хамилтон наполни 36 години во Јануари, најверојатно ќе ја освои својата 100-та победа и пол-позиција во 2021 година (и евентуално таа осма титула), додека тој никогаш не го криеше својот интерес за активности надвор од тркачката патека – така, постои прашање што останува уште да се постигне во спортот.

Жесток конкурент како Хамилтон барем би сакал да ги проба новите правила во 2022 година, но дали тој ќе се одлучи или не и дали тој ќе одлучи да го стори тоа со друг тим или не, несомнено ќе биде предмет на жестоки шпекулации кога ќе почне сезоната на шпекулации подоцна во 2021.

4. Може ли Перез да го постигне темпото на Верстапен?

Серхио Перез изгледаше неодлучно на вториот ден од тестирањето, признавајќи дека управувањето со Ред Бул било „тотално различно“ од она на кое беше навикнат по седум сезони во Форс Индија / Рејсинг Поинт.

Сепак до третиот ден, Перез изгледаше во далеку подобра форма, со што Ред Бул навидум треба да ја има својата најсилна постава од парот Даниел Рикардо – Верстапен во 2018 година. Но ќе биде интересно да се види како високоценетиот Перез се спротивставува на Верстапен во текот на целата година, во тоа што ќе биде неговата прва вистинска шанса за врвно возење во Ф1.

5. Кој ќе заврши на трето место кај конструкторите?

„Повеќе не е среден ред, тоа е поле“, рече Марсин Будковски од Алпин на крајот од тестирањето. Сликата зад Ред Бул и Мерцедес по тестирањето секако изгледа мешана, а Мекларен, Алпин, Ферари, Астон Мартин и АлфаТаури особено демонстрираат силно темпо на моменти во Бахреин.

Чисто во предсезонска форма, веројатно ќе му ја дадете предноста на Мекларен, со новиот возач Рикардо и Ландо Норис кои уживаа во брзиот и сигурен болид МЦЛ35М со мотор на Мерцедес.

Но ние би очекувале предноста помеѓу овие тимови да испадне и да тече во текот на сезоната, додека особено ќе се фокусираме на тоа дали Астон Мартин може да ја рехабилитира инспирацијата на четирикратниот шампион Себастијан Фетел.

6. Дали ќе се врати Ферари?

Пред-сезонското тестирање 2021 година беше далеку попозитивно искуство за Ферари отколку во 2020 година, од тимот велат дека перформансите на права линија веќе не се проблем благодарение на нивната нова агрегатна единица и намалувањето на отпорната сила, додека и Шарл Леклер и новиот регрут Карлос Саинз покажаа силно темпо на моменти во Бахреин.

Меѓутоа, Саинз на моменти не гледаше целосно удобно со новиот СФ21, додека сеуште имаше прашалници за вистинското темпо на Ферари и нивната сигурност.

Изгледа подобро, но точно колку подобро, веројатно ќе дознаеме на квалификациите за Големата Награда на Бахреин.

7. Дали односите на Алонсо и Окон ќе останат коректни?

Ќе се игра интересна динамика во Алпин оваа година, а Естебан Окон ќе се спротивстави на враќането на двократниот шампион Фернандо Алонсо.

И двајцата возачи имале претходно тешки тимски колеги, додека и двајцата имаат многу да докажат: Алонсо дека ова враќање не е залудно, и Окон дека сè уште ги има вистинските способности, откако минатата година беше во голема мера подобар од Рикардо .

8. Како ќе помине поставата на дебитантите во Хаас?

Фер е да се каже дека има веројатно најмал оптимизам во 2021 година, кој се врти околу тимот на Хаас. Нивниот ВФ-21 изгледа дека е најмалку еволуиран од кој било болид на гридот во 2021 година, тој нема да се аподобрува воопшто оваа сезона, додека би било неправедно да се очекуваат чуда од нивната дебитантска постава со Мик Шумахер и Никита Мазепин.

Сепак, двајцата возачи дадоа пристојна глетка за себе на тестирањето. Ќе вреди да се види дали русинот или актуелниот Ф2 шампион Шумахер ќе излезе на врвот во таа конкретна борба и дали тимот најверојатно ќе се одбрани од типот на Алфа Ромео и Вилијамс.

9. Дали ова ќе биде последната сезона на Кими Раиконен во Ф1?

Имаше гласини што се вртеа во 2018 година пред откажувањето на Кими Раиконен од Ферари дека можеби се приближуваше крајот за славната кариера на „Ледениот“. А сепак, тука сме во 2021 година, а 41-годишникот се подготвува за својата 19-та сезона во спортот со Алфа Ромео.

Дали ќе му биде последна? Па, финецот покажа дека е сеуште многу конкурентен на предсезонското тестирање кога го постави четвртото најбрзо време од сите, додека тој изгледа среќен во Алфа Ромео и како и другите веројатно фантазира за новите болиди од 2022 година.

10. Дали овие болиди ќе бидат најбрзите досега видени во Ф1?

Чудно прашање можеби, со оглед на правилата за потисна сила кои тимовите мораа да ги почитуваат за 2021 година, дизајнирани да ги забават.

Но, Мекларен веќе успеа да врати дел од истата изгубена преку новите регулативи со својот умен дифузер, додека малкумина се сомневаа дека повеќето тимови на крајот ќе вратат барем 100% од загубената моќност, дури и кога вниманието им се сврте кон нивните болиди од 2022 година. .

Водечкото време на Верстапен од тестирање беше целосно 1,696 стотинки од пол позицијата на Хамилтон за ГН на Бахреин во 2020 година, но дали таа разлика ќе се намали до моментот кога тимовите ќе излезат на патеката за оваа година на 26-28 Март?

11. Дали ќе видиме резервни возачи во трките?

Иако секако има повеќе оптимизам околу КОВИД-19 отколку што имаше пред 12 месеци, атмосферата на предсезонското тестирање во 2021 година сè уште беше исполнета со многу маски за лице, био-меури, социјално дистанцирање и многу бришење грло и нос, како и недостаток на фанови.

Таа слика се надеваме дека ќе се смени со зголемувањето на вакцинациите во 2021 година, но вирусот е сè уште со нас, што значи дека екипите можат да бидат принудени да повикаат резервни возачи оваа сезона.

Тоа би можело да биде особено интересно за Нико Хулкенберг, за кого Тото Волф навести дека може да игра улога на резерва на Мерцедес во 2021 година (или, ако не успее во тоа, во Мекларен, с се претпоставува дека во Астон Мартин), после неговите возење за Рејсинг Поинт минатата година.

12. Како ќе поминат возачите на новите трки во календарот?

Со 23 трки предвидени за 2021 година, ќе има и нови и повратни места за возачите во оваа сезона, вклучувајќи го кам-бекот на Зандворт по пауза од 36 години и инаугуративното Гранд При на Саудиска Арабија, што се очекува да биде најбрзата улична патека во Ф1 досега (и втора по Монца со просечна брзина оваа сезона).

Додадете го враќање за Имола и Портимао оваа сезона, како и шанса да се тркаме на патеки како Монако, Интерлагос и Алберт Парк кои моравме да ги прескокнеме минатата година и сето тоа треба да се додаде кон пеколна сезона во 2021 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ