Кој возеше најбрзо на Јас Марина ?

Јас Марина е патека од 5,2 километри со 16 кривини, а во пресрет на ланскиот настан беа направени корекции за да се подобри и олесни претекнувањето.

Но, долгиот 1,2-километарски правец пред 5та кривина остана ист, а токму тоа е местото каде се вози над 330 кмч, најбрзо на патеката. Потисната сила не е проблем на Јас Марина и најголем дел од екипите користат разумно големо ниво на потисна сила, но гломазни крила не се употребуваат. Тоа значи дека бавните кривини се напаѓаат силно, а кругот се одработува добро на правицте.

Како и цела сезона, Вилијамс се оние кои возеа најбрзо на квалификациите откако Алекс Албон на мерното место мина со 334,2 кмч, но и покрај тоа, кругот му беше за 19то најдобро време. Сето тоа доволно говори за неефикасноста на Вилијамс низ кривините.

Ред Бул беа 2ри и 4ти на листата на најголема постигната брзина, додека Ферари беа на средина од тој поредок. Проблемот на Скудерија е трошењето на гумите, особено предните.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ