Пирели со агресивен избор за следните три трки

Пирели го потврди изборот на гуми за следните три Гранд При Формула 1 трки.

Спортот ќе биде на пауза од 4 недели поради откажувањето на Кинеското Гранд При што се случува 4та година по ред, така што трката низ улиците на Баку е во последниот викенд од овој месец.

За Азербејџанското Гранд При, доставувачот со гуми реши да ги донесе најмеките гуми од својата гама и тоа компонентите Ц3, Ц4 и Ц5, компоненти кои се користеа таму и при минатогодишното издание на трката.

Во Мајами ќе се возат за скалило потврди гуми и тоа Ц2, Ц3 и Ц4, што е исто како и при ланското премиерно издание на трката околу Хард Рок стадионот. Но 6та трка од календарот која ќе се вози во Емилија Ромања на славната Имола, Пирели ќе експериментира со програмата “Алтернативна алокација на гуми’, таак што ќе бидат користени помеки гуми одошто лани, исти избор како во Мајами (Ц3, Ц4 и Ц5).

На Имола ќе се користи алтернативен квалификациск формат како тест за во иднина, возачите ќе користат само тврди гуми во првиот сегмент, само медиум во вториот и исклучиво меки пневматици во последниот дел Како дел од програмат за алтернативна алокација, планот е да се намали бројот на гуми кои се користат секој тркачки викенд и тоа од 13 сетови на 11 сетови.

Почнувајќи од трката на Имол ќе имаме и целосно нова сина гума за сиен дожд на која не и требаат греачи како подготовка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ