5те најтесни победи во историјата на Формула 1

Во Формула 1 сме биле сведоци на многу блиски дуели и хаотични завршетоци на трките во текот на 70-годишната историја на спортот. Ова се петте најтесни победи во историјата.

Италијанското Гранд при во 1969 – 0.080 секунди помеѓу Стујарт и Риндт

Како и две години подоцна, крајот на Италијанското Гранд При, беше сведок на неверојатна битка по излезот од Параболика. Џеки Стјуарт беше победник со Матра за само 0.080 секунди пред Јохен Риндт со Лотус, што воедно беше првата победа и му помогна да ја освои првата од неговите три титули.

Австриското Гранд При во 1982 – Елио де Анџелис заврши 0.050 секунди пред Розберг

Во потрагата на првата победа во Ф1, Елио де Анџелис и Кеке Розберг, имаа тесен дуел во 1982 година на Австриското Гранд При. И покрај големиот притисок во последниот свиок, де Анџелис имаше доволно предност пред Розберг во Вилијамс и стигна до победа за Лотус за само 0.050 секунди.

Шпанското Гранд При во 1986 – Сена победи пред Мансел за 0.014 секунди

Откако Најџел Мансел влезе во бокс по нови пневматици, битката за победа помеѓу него и Аиртон Сена во 1986 година на Шпанското Гранд При во Херез доведе до неверојатна битка. Мансел го надомести дефицитот од 20 секунди и го стигна возачот на Лотус во последниот круг. Иако беше покрај него, носот на болидот на Сена беше “за влакно“ пред британецот.

Американското Гранд При во 2002 – Баричело го победи Шумахер за 0.011 секунди

Михаел Шумахер доминираш во САД во 2002 година и изгледаше дека ќе победи со голема предност пред Рубенс Баричело. Додека се обидоа да поминат преку финиш линијата заедно, Шумахер забрза, додека и Баричело го стори истото и стигна до победа за 0.011 секунди.

Италијанското Гранд При во 1971 – Гетин го победи Петерсон за 0.010 секунди

Италијанското Гранд При во 1971 година е најтесната победа на сите времиња во Ф1 историјата. Фактот што Питер Гетин и Рони Питерсон ја поминаа финиш линијата со разлика од само 0.010 секунди е фасцинантно, но уште поневеројатно е што топ 5 возачите се пласираа со разлика од само 0.061 секунди помеѓу себе. Тоа беше единствена победа за Гетин во неговата кариера.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ